Законот за работните односи претставува основен правен акт со кој се уредуваат правата, обврските и одговорностите што произлегуваат од работниот однос помеѓу работодавачите и работниците. Неговата правилна примена е од суштинско значење за обезбедување законито работење, заштита на правата на вработените и создавање стабилни и фер работни односи.
Во рамките на овој курс корисните ќе се запознаат со најважните одредби од Законот за работните односи, нивната практична примена, како и најчестите дилеми и предизвици со кои се соочуваат работодавачите и вработените во секојдневното работење. Целта на курсот е преку јасни објаснувања и практични примери да се олесни разбирањето на законските решенија и нивната правилна примена во пракса.
Карактеристики на курсот
- Предавања 5
- Квиз 0
- Времетраење 10 недели
- Ниво на вештина Сите нивоа
- Јазик English
- Студенти 12
- Проценки Да
- 1 секција
- 5 лекции
- 10 недели

